Дејвид Бекам, поранешниот капитен на англиската репрезентација, официјално основа клуб во Мајами, кој ќе биде 25-ти клуб во американската МЛС-лига.

Бекам во февруари 2004 година ја искористи опцијата од договорот со поранешниот клуб Лос Анџелес галакси да ја купи франшизата по пониска цена и успеа да ја доведе МЛС-лигата во Мајами.

Клубот сè уште нема ни име ни грб, а ќе игра на стадион со капацитет од 25.000 места.

„Презадоволни сме, благодарни и возбудени. Ветувањето за нашите навивачи и навивачите ширум светот е едноставно: вашиот тим секогаш ќе настојува на теренот да ве направи горди, нашиот стадион ќе биде место што ќе сакате да го посетувате, а нашето влијание врз заедницата и врз младите на Јужна Флорида ќе биде големо“, изјави Бекам.

Мајами од 1998 до 2001 година имаше франшиза од МЛС, но клубот Мајами фјужн го напушти градот поради слабата посета на натпреварите.

Бекам во изминатите четири години имаше многу проблеми да основа клуб, пред сè поради локацијата за изградба на стадион во јужниот дел на Флорида, чии жители се спротивставуваа.

Тој заедно со инвестицискиот тим во декември 2015 година го купи земјиштето за изградба на стадионот, по трите неуспешни обиди за купување соодветна локација.

Стадионот е изграден во Овертаун, област на Мајами.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2018 17:52