Пјер-Емерик Обамејанг, голгетерот од Габон, дефинитивно направи трансфер во Арсенал, објави неговиот досегашен клуб Борусија од Дортмунд.

Како што претходно пренесоа британските медиуми, Арсенал издвои 68 милиони евра за трансферот и Обамејанг го направи најскапо платен фудбалер на клубот досега.

Обамејанг во клубот од Лондон доаѓа како замена за Алексис Санчес, кој оваа зима го засили ривалот Манчестер јунајтед.

Овој 28-годишен фудбалер за Борусија играше четири и пол сезони, даде 141 гол и стана еден од најдобрите напаѓачи на Европа.

„Нашето второ засилување во јануарскиот преоден рок, 28-годишниот Обамејанг е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Постигна 98 гола на 144 натпревари во Бундеслигата за Борусија. На 213 натпревари учествуваше во реализацијата на 172 гола во сите натпреварувања и тоа нè кажува дека тој на секои 96 минути постигнува гол или асистира“, се наведува во соопштението на Арсенал.

Обамејанг претходно беше член на Милан, Дижон, Лил, Монако и Сент Етјен.

Борусија брзо најде замена за Обамејанг и на заем го доведе Миши Батшуаји од Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2018 13:43