Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се осврна на неуспешниот обид да се ангажира играчот од средниот ред на Лестер, Ријад Марез.
- Секој знае дека се обидовме да го купиме, но сега не можеме да си дозволиме да ја платиме бараната сума - 95 милиони фунти. Се обидовме да го потпишеме минатото лето, оваа зима, но, како и пред шест месеци, Лестер ја затвори вратата. Ајде да видиме што ќе се случи следното лето - рече Гвардиола.
Марез не беше продаден во Сити кој понуди 65 милиони фунти. Според информациите објавени во англиските медиуми тој е видно разочаран, додека неговиот клуб Лестер очекува тој да се врати во екипата и пропаднатиот трансфер да не остави траги во неговите настапи.