Францускиот фудбалер Оливие Жиру изјави дека разговорот со Антонио Конте и желбата за остане во Лондон беа клучните мотиви за неговиот трансфер од Арсенал.
- Одлучувачки беше разговорот со Конте. Почувствував дека сака да соработува со мене, и мојата единствена желба беше трансфер во Челзи, бидејќи сакам да имам поголема минутажа отколку во Арсенал, изјави францускиот напаѓач за веб страницата на актуелниот англиски шампион. Тој додаде дека не сакал да го напушти Лондон и дека и тоа влијаело да премине во таборот на „сините“.
Жиру за Арсенал одигра пет и пол сезони и постигна 105 гола.