Менаџерот на Челзи, Антонио Конте кој се најде во потесната конкуренција, се заблагодари за неговиот интерес и го најави својот престој на „Стемфорд Бриџ“ до крајот на договорот.

Со Конте, разговорите требаше да ги направи Алесандро Костакурта, заменик-комесар на Фудбалскиот сојуз на Италија.

– Немам планови да разговарам со Костакурта. Тој е мој пријател, игравме заедно за репрезентацијата, но нема ништо во тоа. Можеби заборавил дека имам уште 18 месеци договор со Челзи и мојата намера е да го одработам до крај, рече Конте.

По откажувањето на Конте, во конкуренција за селекторската функција во италијанската фудбалска репрезентација остануваат Роберто Манчини, Карло Анчелоти и Клаудио Раниери.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2018 21:55