За само 37 минути се продадени влезниците за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСЖ, а огромниот интерес за овој дуел придонесе цената на црно да достигне неверојатни 24 илјади евра.

Реал Мадрид е бранител на трофејот во елитното натпреварување, но не игра во посакуваната форма оваа сезона, додека ПСЖ засилен со Нејмар имаа големи амбиции на патот кон европскиот трон.

Реал Мадрид и ПСЖ во првиот дуел од осминафиналната пресметка ќе се сретнат на 14 февруари во Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2018 02:36