Откако на Кристобал Парало му беше врачен отказ, нов тренер на Депортиво Ла Коруња ќе биде Кларенс Сидорф, а денес се очекува и официјално да биде потврдено тоа.
Депортиво постигнал договор со Кларенс Сидорф, кој би требало да го преземе клубот.
Вчера Депортиво го отпушти Кристобал Парало, а кога Мартин Ласарте одбил да го преземе местото шеф на стручниот штаб, почнале преговорите со Сидорф, кој како тренер ги водеше Милан и Шенжен.
Како што наведуваат различни извори од Шпанија, Сидорф е еден од многуте тренери со коишто преговарал Депортиво, но изгледа е единствениот кој е подготвен да го прифати предизвикот и да го преземе тимот кој има само четири победи, пет ремија и 13 порази и се наоѓа во зоната за испаѓање со 17 бода од 22 одиграни натпревари.