Селекторот на младата италијанска фудбалска репрезентација Луиџи Ди Бјаџо ќе ја предводи сениорската селекција на пријателските средби со Англија и Аргентина во март, потврди денеска Фудбалската асоцијација на оваа земја.

Поранешниот репрезентативец и фудбалер на Рома и Интер кој ќе биде запаметен по промашениот пенал на Мундијал во 1998 година против домаќинот Франција, веќе пет години ја води селекција до 21 година.

Италија нема селектор од ноември, по заминувањето на Џампаоло Вентура, по поразот од Шведска во баражот за Светското првенство во Русија.

Ди Бјаџо ќе дебитира против Аргентина во Манчестер на 23 март, додека дуелот со Аглија е четири дена подоцна во Лондон.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2018 16:11