Деле Али, фудбалерот на Тотенхем, би можело да биде казнет поради новото симулирање.
Тој се најде во центарот на вниманието откако на „Енфилд роуд“ повторно направи прекршок со симулирање, а според новите правила на Фудбалскиот сојуз на Англија, може дополнително да биде казнет.
Судијата Мос во неговиот извештај навел дека Али симулирал и дека поради тоа добил жолт картон.
На Деле Али му се заканува суспензија најмалку од еден натпревар, а тоа посебно може да биде од значење за неговата екипа, со оглед на тоа дека во следниот натпревар ќе игра со Арсенал.