Фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, сака да оди во Челзи, објави „Дијарио Гол“.
Асенсио веќе го информираше раководството за желбата да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ во текот на летото, за да им се придружи на „сините“ од Лондон.
22-годишниот офанзивен играч дури и поставил услов, во кој ќе остане во гигантот од Шпанија, но само ако тренерот Зинедин Зидан биде отпуштен.
Зидан во последно време не му дава многу шанси на Асенсио, откако тој започна во стартните 11 само во еден од последните десет натпревари за шампионите на Ла Лига.
Реал пак може да го искористи играчот во договорот, кој евентуално би го довел Еден Азар во Мадрид, шпекулираат во Шпанија.