УЕФА ја одби жалбата на Реал Мадрид за казната на Даниел Карвахал, кој ќе мора да го пропушти и вториот натпревар во елитното натпреварување.
Бекот на Реал намерно доби жолт картон на натпреварот од претпоследното коло на групната фаза од Лигата на шампионите за да избегне евентуална суспензија во нокаут-фазата. Дисциплинската комисија на УЕФА поради тоа покрена постапка и го казни Карвахал со суспензија на два натпревари.
Првиот натпревар го пропушти во групната фаза против Борусија од Дортмунд.
Кралскиот клуб поднесе жалба со намера казната да ја сведе на тој еден дуел, но од Нион денес објавија дека жалбата е одбиена.
Зинедин Зидан нема да може да смета на Карвахал во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ.
Дуелот меѓу Реал и ПСЖ на програмата е на 14-ти февруари, а ќе се игра во Мадрид.