Дваесет и осумгодишниот ас на „црвените ѓаволи“, како и други фудбалски ѕвезди, наводно учествувале во местење на дуелот од шпанското првенство меѓу Реал Сарагоса и Леванте во 2011 година.

Властите во Шпанија собираа информации околу овој натпревар и водеа своја истрага повеќе од три години. Мечот заврши со победа од 2:1 за Сарагоса и со тоа тимот го задржи елитниот статус за следната сезона, за сметка на Депортиво Ла Коруња, кој испадна во Втората шпанска лига.

Во тоа време Ерера беше дел од тимот на Сарагоса, а истражните органи во Шпанија објавија дека најверојатно тој исто така бил вклучен во шемата за исплата на одредени суми кон фудбалерите на Леванте, кои требало да играат лошо во овој натпревар.

Шпанскиот репрезентативец категорично негира слични активности, но по се изгледа дека наскоро ќе биде повикан на суд за да даде детални објаснувања. Ерера беше вовлечен во сагата, откако стана јасно дека веднаш по натпреварот добил сериозни финансиски бонуси од својот клуб, кои сепак, самиот тој тврди дека веднаш ги вратил.

Андер Ерера е еден од 33-та играчи кои се предмет на истрага, од која дел е и капитенот на Атлетико Мадрид, Габи.

Случајот се очекува да стартува во текот на летото.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 21:44