Луис Енрике веќе се договорил со Челзи за личните услови и ќе биде новиот менаџер на тимот, пишува каталонскиот весник „Спорт“.

Иако неодамнешните информации дека поранешниот шеф на Барселона не сака да го преземе тимот по средината на сезоната и дека Антонио Конте ќе остане до крајот на кампањата, изданието тврди дека тој и Роман Абрамович постигнале договор од 2,5 години - до летото на 2020 година.

Ако лошите резултати продолжат и позицијата на тимот во четворката биде сериозно загрозена, тогаш на „Стемфорд Бриџ“ ќе бидат принудени да дејствуваат и да се ослободат од Италијанецот.

„Спорт“ дури пишува дека Енрике, кој постигна сериозни успеси на чело на Барселона, може да биде на чело на „сините“, кога тие ќе се соочат против неговиот поранешен тим во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на 20 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 21:49