Артуро Видал налето ќе го напушти Баерн. Клубот од Минхен летово ќе го доведе Леон Горецка од Шалке, па логично е дека ќе мора да се ослободи место.
Двајца главни кандидати за напуштање на клубот се Артуро Видал и Тијаго Алкантара, а „Спорт Билд“ пишува дека тоа ќе биде Чилеанецот.
Минатото лето Видал сакаа да го доведат Интер и Челзи, но челниците на Баерн не сакаа да го пуштаат.
Сега ситуацијата е многу различна, иако репрезентативецот на Чиле има сосема солидна сезона.
Досега во Бундеслигата постигна шест погодоци и забележа две асистенции.
Многу навивачи на Баерн не се согласуваат со оваа одлука и повеќе би сакале клубот да го напушти Алкантара, кој во последно време често има проблем со повредите.