Тимовите на Јувентус и Тотенхем одиграа нерешено, 2:2 во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Јувентус поведе со 2:0 уште во првите 10 минути од натпреварот преку двата гола на Игуаин.

На 2:1 намали Хари Кејн во 35. минута, а Игуаин промаши пенал за зголемување на предноста на истекот на првиот дел.

Во второто полувреме Тотенхем изедначи преку голот на Ериксен во 71. минута.

Во вториот вечерашен натпревар, Манчестер Сити убедливо славеше на гостувањето на Базел со 0:4.

Ѓундоган погоди два пати за „Граѓаните“, а по еднаш прецизни беа Силва и Агуеро.

Со оваа победа Манчестер Сити веќе е со една нога во четвртфиналето.

Утре своите осминафинални натпревари ги играат Порто и Ливерпул, како и дербито помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2018 00:14