Кристијано Роналдо имаше нова ѕвездена вечер во Лигата на шампионите. Португалецот ги постигна двата гола во победата од 3-1 на Реал Мадрид над ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето, а првиот од двата погодока му донесе нов рекорд во ова натпреварување.

Голот на Роналдо од пенал во 44-тата минута беше точно стоти гол за Реал во елитното натпреварување и стана прв играч кому тоа му тргнало од рака. Можно е да не биде единствениот до крајот на сезоната, бидејќи веднаш по него е Меси со 97 погодоци во дресот на Барселона, но сепак Португалецот ќе може да каже дека е прв кому му успеало тоа.

Освојувачот на последните две награди Златна топка ја продолжи неговата феноменална низа од дури седум последователни сезони со десет и повеќе голови во ова натпреварување, што никому не му тргнало од рака.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2018 17:39