Баерн од Минхен е подготвен за 35 милиони евра да го откупи од Реал Мадрид комплетниот договор на колумбискиот фудбалер Џејмс Родригес, пренесува „Билд“.
Како што наведува весникот, традиционално упатен во политиката на трансфери на баварскиот гигант, Баерн е многу задоволен од Родригес и сака да го задржи и по следното лето, односно по истекувањето на двегодишниот заем.
Затоа ќе ја искористи клаузулата во договорот меѓу двете страни во која стои дека 26-годишниот играч за врска за 35 милиони може да остане во Минхен.
Претходно, Баерн му плати десет милиони евра на Реал за заемот, додека платата на Родригес изнесува уште осум милиони на годишно ниво. Родригес пред Реал, каде што не успеа да се истакне, играше за Монако, Порто, Банфилд и Енвигадо.