Македонската фудбалска репрезентација е едно место послабо рангирана во однос на минатиот месец.

На најновата ФИФА ранг-листа, Македонија сега е на 74.место.

Можност да го поправат рејтингот црвено-жолтите ќе имаат во март кога ќе одиграат два пријателските дуели со Финска и Азербејџан

Меѓу најдобрите десет репрезентации, Германија останува лидер, а по неа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2018 17:59