Вечерва на програмата се играат 15 натпревари од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа.
Оваа фаза од натпреварувањето во вторникот ја почнаа Црвена ѕвезда и ЦСКА Москва, кои одиграа реми 0-0 во Белград.
Вечерва низ Европа ќе се одиграат и останатите натпревари од шеснаесетфиналето на второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа.
Најголем интерес има за натпреварот меѓу Наполи и Лајпциг РБ. И двата тима беа елиминирани од Лигата на шампионите, па сега пред нивните навивачи ќе се обидат да надоместат со добри игри во Лигата на Европа.
Италијанците се поискусни од нивниот ривал, што им дава мала предност, но не треба да се потценат ниту Германците.
И дуелот меѓу Лион и Вилјареал ќе биде интересен. Ова се две сосема солидни екипи кои добро играат во првенствата од почетокот на сезоната. И двата клуба се меѓу фаворитите во трката, но еден од нив ќе биде елиминиран во многу рана фаза.
Интересни ќе бидат и натпреварите меѓу Естерсунд и Арсенал, меѓу Селтик и Зенит, гостувањето на Атлетико Мадрид во Копенхаген, како и дуелот меѓу Борусија од Дортмунд и Аталанта.
Лига Европа, шеснаесетфинале, први натпревари:
Од 17.00 часот:
Астана – Спортинг Лисабон
Од 19.00 часот:
Борусија Дортмунд – Аталанта
Ница – Локомотив Москва
Спартак Москва – Атлетик Билбао
Реал Сосиедад – РБ Салцбург
Лудогорец – Милан
Естерсунд – Арсенал
Олимпик Марсеј – Брага
Од 21.05 часот:
Копенхаген – Атлетико Мадрид
АЕК Атина – Динамо Киев
Селтик – Зенит
Наполи – Лајпциг РБ
Лион – Вилјареал
Партизан – Виторија Плзењ
ФК Стеауа Букурешт – Лацио.