Тимот од третото ниво на англискиот фудбал, Виган, го направи големото изненадување во англискиот ФА куп по елиминирањето на убедливиот лидер во Премиер лигата, Манчестер Сити. Со голот на Вил Григ во 79. минута „латикс“ победија со 1:0 и се квалификуваа во четвртфиналето.
Иако Манчестер Сити играше во комбиниран состав и десеткуван, одкако Фабијан Делф доби црвен картон во првиот дел од натпреварот и иако доминацијата беше на нивна страна, сепак сонот за четири титули оваа сезона беше срушен на десет минути пред крајот на натпреварот.
Нервозата по натпреварот беше видилива кај играчите и кај стручниот штаб на граѓаните, па веднаш по натпреварот, најпрво Серхио Агуеро се обиде физички да се пресмета со еден навивач на домаќините, а ништо покус не остана ниту Пеп Гвардиола кој во соблекувалната му се пушти на тренерот на Виган, Пол Кук и малку фалеше да дојде до физички контакт.