Фудбалерот на Вилјареал, Рубен Семедо, денеска е приведен под обвинение дека нападнал, претепал и во неговата куќа врзал неименуван човек.

Според пишувањата на шпанските медиуми, дефанзивниот играч на „жолтата подморница“ , во соработка со двајца луѓе, во Валенсија нападнал едно лице, кое потоа е задржано во неговата куќа.

Португалецот и неговите соработници во меѓувреме му ги одзеле клучевите од станот на киднапираниот, каде што украле пари и материјал кој би можело да служи за уцена.

Неименуваното лице, кое се здобило со полесна телесна повреда, некако успеало за сето тоа да ја извести полицијата, која потоа ги привела Семедо и соучесниците.

Проблематичниот Рубен Семедо и претходно имаше работа со полицијата, тој беше приведен поради носење огнено оружје во ноќен клуб во Валенсија, додека подоцна, во друг инцидент на едно лице му ја скршил главата со шише. Рубен Семедо кариерата ја почна во Спортинг од Лисабон, од каде што минатиот јуни за 14 милиони евра направи трансфер во Вилјареал. Оттогаш одигра само пет натпревари, а неговото отсуство е правдано со чести повреди.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2018 17:56