Барселона преговара за продажба на правата за името на стадионот „Камп ноу“ за што клубот ќе добие над 200 милиони евра.

Од клубот потврдија дека преговараат со три компании, како и дека продажбата е дел од планот за модернизација на стадионот, но и подрачјето околу него, што би чинело околу 550 милиони евра.

- Го продолживме договорот со спонзорот, но следниот чекор се преговорите околу продажбата на правата за името на стадионот. Во план ни е реконструкција, а и разговараме со компании кои би ни покриле половина од трошоците - истакна претседателот на Барселона, Жозеп Бартомеу.

Барселона првпат на „Камп ноу“ заигра во 1957 година, а стадионот со новото проширување од 99.354 места ќе има 105.000.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2018 01:38