Дарио Срна, одбранбениот фудбалер на Шахтар од Донецк, е суспендиран на 17 месеци, соопшти Националниот антидопинг центар на Украина.

Искусниот хрватски интернационалец беше позитивен на дехидроепиандростерон, најзастапениот циркулирачки стероид кај луѓето, по Лигата на шампионите против Наполи на 22-ри март минатата година.

Триесет и шестгодишниот Срна ја признал вината, но потенцирал дека недозволената супстанција случајно дошла во неговиот организам.

„Никогаш свесно и со намера не сум внесол недозволено средство, ниту нечесно сум се обидел да ги засилам своите способности. Со цел да се посветам на одбраната и да спречам вознемирување на тимот и на соиграчите, се повлекувам од сите натпреварувања додека не заврши процесот. Во целост ќе се посветам на тоа да ги зачувам честа и искреноста“, изјави Срна во септември минатата година.

Националниот антидопинг центар на Украина наведе дека Хрватот е суспендиран од 22-ри март 2017 година и дека на тереноДодадит може да се врати на 22-ри август оваа година.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2018 23:01