Екипата на Манчестер Сити потврди дека е најдобриот фудбалски колектив во Англија, откако вечерва во финалето на Лига купот го победи Арсенал со 3:0.
Головите за лидерот во Премиер лигата ги постигнаа Серхио Агуеро, Винсент Компани и Давид Силва.
За менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола ова е прв трофеј како предводник на тимот од „Етихад“.
Воедно, Манчестер Сити стигна до петтиот Карабао трофеј, додека Арсенал го загуби третото последователно финале и остана на два трофеја од Лига купот.