Иако во неделата по натпреварот се појавија информации дека Нејмар не е тешко повреден во дуелот со Марсеј, клубот потврди дека најскапиот играч на светот доживеал фрактура на метатарзалната коска на стапалото и изместување на глуждот на десната нога и дека се работи за тешка повреда.

Нејмар се повреди во 77-мата минута од натпреварот против Олимпик Марсеј, во којшто ПСЖ славеше со 3-0. Првите информации најавуваа дека Нејмар претрпел само изместување на глуждот на глуждот на десната нога и дека ќе биде подготвен за реваншот од Лигата на шампионите против Реал.

Но, по деталните прегледи и магнетната резонанца утврдено е дека се работи за тешка повреда. Нејмар има фрактура на петтата метатарзална коска и изместување на глуждот на десната нога.

ПСЖ нема соопштено колку долго Нејмар ќе биде надвор од теренот, но обично закрепнувањето од ваква повреда трае меѓу два и три месеца. Габриел Жесус поради слична повреда беше надвор од теренот десет седмици. Тоа би можело да значи дека Нејмар може да го пропушти остатокот од сезоната за ПСЖ.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2018 22:53