Францускиот фудбалер Самир Насри е суспендиран на шест месеци поради допинг, соопшти УЕФА.
Поранешниот играч на Арсенал и на Манчестер Сити, во 2016 година додека играл за Севиља, извршувал третмани на клиника во Лос Анџелес каде му биле вбризгувани имунолошки средства и се под изговор дека дехидрирал.
Првично беше санкциониран од УЕФА на две години, но поднесе жалба и казната е намалена.
Насри, кој неодамна раскина договор со Анталија, на таа казна има право на жалба.