Тотенхем има одлична ситуација пред реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите со Јувентус и само треба да избегне пораз или реми со шест гола.

Тотенхем во последните неколку седмици е во одлична форма, што се покажа и во првиот натпревар во Торино, каде што успеа да остане непоразен против една од екипите со најдолга низа победи во Европа. За работата да биде уште подобра, „петлите“ на „старата сама“ ѝ дадоа два гола во гости, па работата на „Вембли“ би можела да биде полесна.

„Мораме да бидеме релаксирани и да се подготвиме на најдобар можен начин. Натпревар како и секој друг, не менува ништо тоа што ова е Лигата на шампионите и некој важен натпревар. За мене сите натпревари се важни и пристапот кон натпреварот мора да биде еднаков“, изјави Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем, пред натпреварот во среда.

„Заслужуваме да бидеме овде, треба да уживаме во натпреварот и да не ја драматизираме ситуацијата. Тимот нема да паничи. Секако дека играме против една од најдобрите екипи на Европа и секако дека ќе биде тешко, но мислам дека ќе бидеме во перфектен момент да одговориме на предизвикот каков што е Јувентус“, изјави 46-годишниот Аргентинец.

Натпреварот меѓу Јувентус и Тотенхем се игра на „Вембли“, во среда, на седми март, од 20.45 часот, а првиот дуел заврши нерешено 2-2.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2018 21:35