Од Англија вчера стигна уште една вознемирувачка вест, Н’голо Канте го пропуштил дербито со Манчестер сити откако во петокот се онесвестил пред соиграчите на тренингот.

Канте поради проблеми со срцето почувствувал несвестица, паднал на тренингот, поради што итно бил испратен на испитувања. За среќа, вчера, кога сè поминало, стигнаа добри вести, односно резултатите не покажале никаков поголем проблем.

„Шокираните фудбалерите на Челзи биле преплашени кога виделе како паѓа Канте и како го изнесуваат од тренингот во петокот. Канте мораше да посети специјалисти, помина низ сериозни кардиолошки тестови, но, за среќа, не е откриен никаков проблем. Во договор со специјалистите и со лекарскиот тим на Челзи договорено е Канте да се одмори и да го прескокне дербито на ‘Етихад’“, пренесе „Телеграф“.

Се очекува Канте овие дена нормално да тренира со екипата и да се врати во натпреварувачки погон.

Фудбалскиот свет веќе е шокиран од една ужасна вест - поради смртта на Давиде Астори, капитенот на Фиорентина.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2018 17:40