Иако во текот на преодниот рок потроши неколку десетици милиони евра на засилувања од Европа, кинескиот клуб Далијан се посрамоти на отворањето на сезоната во Суперлигата.

Новиот суперлигаш изгуби од Шангај СИПГ дури со 8-0. Бразилецот Оскар, некогашниот играч на Челзи, забележа хет-трик, а во стрелците се запиша и неговиот земјак Хулк.

На Далијан не му помогнаа ниту скапо платените засилувања од Премиер лигата и од Примера лигата. Хозе Фонте, неодамнешниот играч на Вест хем, како и некогашниот тандем на Атлетико, Караско и Гајтан, беа во стартната постава, но не успеаја да ја спречат катастрофата на нивната екипа.

Фонте заработи пенал, а Хулк ја затресе мрежата, додека Николас Гајтан и Јаник Фереира Караско беа неупотребливи во нападот. Далијан издвои 50 милиони евра само за двајцата играчи на Атлетико.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2018 17:41