Фудбалерите на Тотенхем ќе го дочекаат Јувентус во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите охрабрени со резултатот 2-2 од првиот натпревар во Торино.
Јувентус во првиот дуел имаше предност од два гола и беше блиску уште тогаш да го реши прашањето за пласман, но Хари Кејн и Кристијан Ериксен на нивниот тим му донесоа изедначување и голема надеж пред реваншот.
Арбитер ќе биде Шимон Марчинијак од Полска, ќе му помагаат Павел Сколницки и Томаш Листкијевич, дополнителни ќе бидат Павел Рачковски и Томаш Мусијал, а четврти арбитер Радослав Сјејка.
Манчестер сити ќе има лесна задача во Англија против Базел, кого во првиот натпревар во Швајцарија убедливо го победи со резултат 4-0.
Сити не би требало да има проблеми кога ќе се земе предвид и тоа дека оваа сезона е непоразен на неговиот стадион.
Натпреварот во Манчестер ќе го суди Павел Краловец од Чешка, ќе му помагаат Роман Слишко и Иво Надворник, дополнителни судии ќе бидат Петр Арделеану и Карел Крубес, а четврти арбитер Јиржи Молачек.
Двата дуела се играат вечерва, од 20.45 часот.
И денешните натпревари во Лигата на шампионите ќе почнат со минута молк по повод смртта на Давиде Астори, капитенот на Фиорентина.