Во завршницата на натпреварот меѓу ПАОК и АЕК имаше вистински хаос, па на крајот беше прекинат.
Натпреварот кој беше клучен за титулата (АЕК 54, ПАОК 52) во продолжението на времето беше прекинат бидејќи судијата го призна, па го поништи голот на „црно-белите“, по што следуваа многу инциденти.
ПАОК во 90-тата минута успеа да дојде до водство со голот на Фернандо Валера, но еден од домашните играчи се наоѓаше во офсајд.
Судијата Јоргос Коминис не го виде тоа, но покрај притисокот и договорот со помошниот судија, голот беше поништен.
Следуваше вистинска воена состојба откако влетаа навивачите, но и Иван Савидес, сопственикот на ПАОК, кој му се закануваше на судијата Коминис дека ќе го убие и дека тој завршил, а сето тоа додека имаше појас со пиштол околу половината, пренесуваат грчките медиуми.
Потоа натпреварот беше прекинат, но не и одложен, бидејќи играчите и понатаму беа на стадионот во Солун.
Играчите се загреваа и очекуваа да ги одиграат неколкуте минути што останаа. Според информациите од Грција, Макис Гагатис и Минас Лисиндрос, потпретседателите на двата клуба, разговарале со судиите во соблекувалната.
Претходно во текот на вчерашниот ден на ПАОК му беа вратени бодовите коишто му беа одземени пред овој натпревар. Навивачите на „црно-белите“ го погодија Оскар Гарсија, тренерот на ривалот од Пиреја, поради што натпреварот не беше ниту одигран. ПАОК поднесе жалба на таа одлука и таа беше усвоена.
Сега се очекува каква казна ќе добијат за големиот инцидент против АЕК.