Како што дознаваат медиумите, Ливерпул би можело да го пушти Мохамед Салах да преговара со Реал од Мадрид доколку Кралскиот клуб на „Енфилд роуд“ испорача 160 милиони евра, поточно 147 милиони фунти.

Многу шпански медиуми пишуваа дека Реал Мадрид сака да се ослободи од Герет Бејл, кој не ги исполни очекувањата, а Мохамед Салах, ѕвездата на Ливерпул, би можело да биде негова замена. Најпрво се шпекулираше дека „црвените“ не планираат да му одговорат на тимот од престолнината на Шпанија, но сега исто така се шпекулира дека Ливерпул го проценил Египќанецот на 160 милиони евра.

Салах на Рома ѝ беше платен речиси 40 милиони евра, па тимот од „Енфилд роуд“ сега би добил четири пати повеќе пари отколку што потроши минатото лето.

Но, прашање е дали Мохамед Салах би сакал да го напушти Ливерпул бидејќи тимот следната година најверојатно ќе игра во Лигата на шампионите, а под водство на Јирген Клоп и со адекватни засилувања, би можеле да ја нападнат и титулата.

Мохамед Салах оваа сезона воодушеви со сите негови партии и со 24 гола моментно е на чело на листата на стрелците на англиската Премиер лига заедно со Хари Кејн.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2018 00:17