По Реал Мадрид, Баерн, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сито, Рома и Севилја, каталонскиот фудбалски гигант Барселона е последниот клуб кој во средата вечерта се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Барселона во реваншот од осминафиналето на својот „Камп Ноу“ го совлада англиски Челзи со 3:0, откако првиот дуел во Лондон заврши без победник 1:1.
Во мечот во кој Челзи мораше да игра без калкулации имајќи предвид дека во прилог му одеше само победа или нерешен резултат со поголем број погодоци, јунак беше Лионел Меси кој погоди во 3 и 63 минута, а му асистираше на Усман Дембече во 20 минута, кога Барса ја направи круцијалната предност.
По рекордниот последователен пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, ова беше рекордниот 11-ти пласман за Барселона во четвртфиналето. Претходно беше елиминирана во 2005 година токму од Челзи и две години подоцна од Ливерпул.
По нерешениот дуел во Лондон, кога играчите на Челзи не успеаја да создадат предност, Барса го отвори реваншот на најдобар можен начин уште во 3 минута, кога од тешка позиција од десната страна по асистенција на Луис Суарез, Меси низ нозете на Тибо Куртоа со десна нога ја погоди противничката мрежа. Голот постигнат во 129 минута беше најбрзиот гол во неговата кариера. Во 20 минута веќе беше 2:0 за Каталонците, откако нивниот поранешен играш Сеск Фабрегас ја загуби топката на центарот од теренот, Меси повлече противнапад и одлично го проигра Дембеле кој гаѓаше под пречката.
Во последните моменти од првиот дел Чезли можеше да ја врати неизвесноста, но Маркос Алонсо од слободен удар ја погоди стативата.
Гостите од Лондон на отворањето на второто полувреме имаа неколку полушанси, но сите прашања за конечниот победник од овој двомеч ги разреши Меси во 63 минута кога Меси повторно низ нозете на Куртоа погоди за 3:0.
Интересно е што Меси до пред овој дуел за 730 минути му немаше дадено гол на Челзи, а во двата последни натпревара постигна три гола. Меси со ова стаса до бројката од 20 голови во последните 18 мечеви, и до стотиот гол во 123 мечеви од Лигата на шампионите. Неговиот најголем спортски ривал на денешницата, Кристијан Роналдо, е во предност со 117 голови постигнати на 137 натпревари.
Барса и Челзи досега одиграа 14 натпревари, и двата клуба имаат по четири победи, а шест дуели завршиле без победник. Меѓутоа, кога станува збор за елиминаторната фаза, Барселона има повеќе успеси, со четири победи, наспроти два пораза.