Италијанскиот калчолигаш Лацио го совлада Динамо Киев на гости со 0-2 и обезбеди пласман во следната рунда од Лигата на Европа, иако во Рим одигра само 2-2. Лукаш Леива и Фелипе Каиседо беа стрелци на головите за „лацијалите“.
Олимпик Марсеј исто така е во следната рунда, со оглед дека и во реваншот во Шпанија славеше над Атлетик Билбао со 1-2. Пајет од пенал и Окампос донесоа триумф за францускиот тим.
Лајпциг ремизираше (1-1) на гости против Зенит и благодарејќи на триумфот од 2-1 на првиот меч оди понатаму. Аугустин во 22.минута гонесе предност за Лајпциг, Дриуси израмни на самиот истек на првиот дел, но немаше голови во второто полувреме, па германскиот бундеслигаш се радуваше.