Селекторот на Германија, Јоаким Лев ги изостави од списокот фудбалерите на Борусија Дортмунд, Марио Геце и Марко Ројс, бидејќи не се доволно подготвени да одговорат на репрезентативните задачи.

Германија на 23 март во Дизелдорф ќе ја пречека Шпанија, а четири дена подоцна во Берлин е домаќин на Бразил.

„Панцирите“ ќе ја немаат помошта ниту од голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер кој е повреден.

Претстојните натпревари се подготвителни за Светското првенство што ова лето ќе се игра во Русија, а на кое Германија ќе го брани трофејот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2018 02:50