Навивачите на Олимпик од Лион во текот на натпреварот против ЦСКА од Москва направија повеќе прекршоци поради кои би можела да биде активирана условната казна која на францускиот гигант му беше изречена уште пред една година.
Навивачите на Олимпик од Лион на натпреварот од осминафиналето од Лигата на Европа имаа расистички испади, фрлаа предмети на теренот, ги блокираа скалите, а, исто така, имаше немири и во публиката. Проблем за управата на Лион е што ваквите проблеми навивачите не смееја да ги направат бидејќи над Олимпик виси казната за исфрлање од европските натпреварувања.
Францускиот клуб од април 2017 година има двегодишна условна казна за суспензија од европските натпреварувања поради нередите на натпреварот со Бешикташ. Правилото на УЕФА вели дека ако се повтори прекршокот во периодот на условната казна, во тој случај одредената казна мора да биде применета.
Олимпик со страв го чека 31-ви мај, кога дисциплинската комисија на УЕФА ќе разгледа дали ќе го казни францускиот гигант. Клубот изјави дека неговите напаѓачи биле нападнати од страна на полицијата која била нетолерантна кон нив, додека француската полиција изјави дека 150 навивачи на Лион ги нападнале припадниците на безбедносните служби надвор од стадионот.