Ливерпул ќе ја задржи својата голема ѕвезда и голгетер на тимот Мохамед Салах со нов и подобрен договор според кој Египќанецот ќе заработува по 200 илјади фунти неделно, тврди „Мирор“.

Како што е познато, со феноменалните перформанси во сезоната тој ги привлече погледите на Реал Мадрид, ПСЖ и Барселона.

Од Ливерпул се свесни дека тешко ќе се изборат со „големите ајкули“, но сепак Салах е среќен во клубот и при зголемување на платата сигурно нема да мрдне никаде.

„Ми се допаѓа Премиер Лигата. Овде првенството одговара на мојот стил на игра и не гледам зошто да заминам“, прокоментира тој.

Во Англија тврдат дека Египќанецот е исклучително лојален како личност и едвај ќе го следи примерот на Филипе Кутињо кој протестираше додека не беше продаден на Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2018 22:57