Словакот Мартин Шкртел, некогашниот играч на Ливерпул, го погоди топката во главата и се онесвести, а соиграчите притрчаа да му помогнат да не се задуши со јазикот.
Неговата репрезентација играше против Тајланд, а Шкртел при центаршутот во 28-мата минута го погоди Чанатип. Прв му пријде соиграчот од репрезентацијата Ондреј Дуда.
Дуда на Шкртел му го извади јазикот од устата, а многу брзо потоа дојдоа и тимските лекари.
Шкртел потоа се врати на теренот, но 15 минути пред крајот на натпреварот излезе од игра. Словачка победи со 3-1, а головите ги постигнаа Дуда во десеттата, Мак во 34-тата и Пачинда во 67-мата минута за Словачка, додека Кевпром и Хемвибон беа стрелци за Тајланд.