Томас Тухел, поранешниот тренер на Борусија од Дортмунд, на почетокот на следната сезона би требало да го преземе Арсенал од Лондон, пренесува „Скај“.

Тухел во текот на викендот ја одбил понудата на Баерн од Минхен на клупата да го замени Јуп Хејнкес бидејќи, наводно, ги договорил сите услови за соработка со „топчиите“, кои на крајот на сезоната ќе ги напушти Арсен Венгер.

Венгер во клубот е од 1996 година, зад себе има две шампионски титули и отсекогаш важел за менаџер кој наоѓа таленти. Тоа чувство кај него во последните години се намали, па и резултатите на Арсенал се лоши.

„Топчиите“ актуелната сезона, речиси по две децении, ја дочекаа во Лигата на Европа наместо во Лигата на шампионите, а не блескаат ниту во првенството, во кое се шести со 48 бода.

Шестото место ги отстранува од играта за Лигата на шампионите низ првенството, титулата уште одамна е речиси извесна во рацете на Манчестер сити, а единствената утеха и патот до Лигата на шампионите лондонскиот клуб сега го води низ Лигата на Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2018 22:39