Од следната сезона во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа се воведува правило за четврта замена во случај на продолженија, објави денеска Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Екипите во дополнителни половина час, доколку натпреварот влезе во продолженија, ќе смеат да направат уште по една измена.

Исто така, како што беше најавено, се објавени новите термини за почеток на натпреварите во двете најсилни клупски натпреварувања.

Во новата сезона натпреварите од групната фаза и од плеј-офот ќе стартуваат од 18 часот и 55 минути, и од 21 часот по средноевропско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2018 11:42