Тотенхем оствари убедлива победа од 1:3 на гостувањето кај Челзи во дербито на 32-то коло во Премиер лигата.

Челзи поведе во 30-та минута со голот на Алваро Мората, но гостите успеаа да направат пресврт и да стигнат до победа.

Ериксен во крајот на првиот дел изедначи на 1:1, а во второто полувреме Деле Али беше двоен стрелец за триумф на гостите од 1:3.

Тотенхем на „Стемфорд бриџ“ првпат славеше од 1990 година и по 25 одиграни натпревари.

„Петлите“ со 64 поени сега се на четвртата позиција на табелата со дури осум повеќе во однос на петтопласираниот Челзи на седум кола до крајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2018 00:25