Поранешниот француски фудбалер Тјери Анри не е изненаден од впечатливото деби на Златан Ибрахимовиќ за тимот на Галакси од Лос Анџелес.
Швеѓанецот постигна спектакуларен гол неколку минути по влегувањето во теренот, а подоцна уште еднаш се запиша во листата на стрелците за пресврт победа на неговиот тим (4:3) над Лос Анџелес ФЦ.
- Тоа беше вистински Златан. Решив да го гледам, сфаќајќи дека сега ќе видам нешто. И всушност тој покажа што знае. Тоа го може само Ибрахимовиќ. Создаден е за такви нешта, изјави Анри.
По мечот Ибрахимовиќ беше задоволен од успешното деби.
- Можам да замислам како се чувствуваше противникот кој водеше со 3:0. Постигнавме четири гола и стигнавме до неверојатен пресврт. Ако тие го имаа Златан ќе беше обратно, се пошегува шведскиот интернационалец.