Жоел Матип, дефанзивниот играч на Ливерпул, ќе го пропушти остатокот на сезоната поради повреда на бутниот мускул, потврди клубот од „Енфилд роуд“.

Камерунецот се повреди на натпреварот со Кристал палас во саботата (2-1). Иако успеа да остане на теренот до крајот на средбата, по деталните прегледи е утврдено дека е неопходно да му се изврши операција и дека ќе отсуствува повеќе месеци.

Тоа е голем проблем за Јирген Клоп, менаџерот на „црвените“, бидејќи Ливерпул утре го игра првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Сити, а во Премиер лигата го очекува борба за пласман во Лигата на шампионите во следната сезона.

По 32 одиграни кола, ситуацијата за славниот клуб од „Енфилд роуд“ е добра, се наоѓа на третото место со 66 освоени бода, десет повеќе од петтопласираниот Челзи, кој има и натпревар помалку.

Во стартните 11, 26-годишниот Матип би требало да го замени Хрватот Дејан Ловрен.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2018 21:31