Стадионот на Ајакс од следната сезона ќе биде именуван по легендарниот холандски фудбалер Јохан Короф. Досегашната Амстердам Арена, во иднина ќе се вика „Јохан Кројф Арена“, потврди клубот.

Новото лого на стадионот ќе биде претставено на 25 април, на денот кога Кројф кој почина во март 2016 година, би наполнил 71 година.

Кројф освои осум титули со Ајакс во два мандата, а на крајот од кариерата помина три години како тренер на најпознатиот холандски клуб со кој освои две Куп титули во Холандија и еден трофеј во Купот на куповите сегашна (Лига Европа).

Освен во Ајакс Кројф играше за Барселона, и неколку други екипи, а со Холандија два пати играше финале на Светските првенства (1974 и 1978 година).



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 12:37