Фудбалерот на Ливерпул, Емре Џан одлучи да ја продолжи својата фудбалска кариера во италијанскиот шампион Јувентус.

Оваа вест ја објави „Мирор“, а е добиена од близок пријател на Сами Кедира, тимскиот колега на Џанг од германскиот национален тим.

Јувентус ќе го добие играчот од средниот ред на Ливерпул како слободен агент по крајот на сезоната, откако Џан не успеа да се договори со „црвените“ за нова соработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 15:48