УЕФА покрена дисциплинска постапка и ќе спроведе истрага против фудбалскиот клуб Ливерпул, поради инцидентот со неговите навивачи кои го нападнаа автобусот на Манчестер сити.

Инцидентот се случи на патот до стадионот „Енфилд“ пред првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, а УЕФА го обвини Ливерпул за предизвикување штета и нарушување на јавниот ред, бидејќи неговите навивачи фрлаа тврди предмети, како лименки и шишиња, кон клупскиот автобус што ги превезуваше фудбалерите на Манчестер сити.

Ливерпул е обвинет и за тоа дека неговите навивачи користеле пиротехнички средства на трибините за време на натпреварот.

УЕФА нема да го разгледува случајот пред 31 мај, односно после финалето на Лигата на шампионите, а евентуалната казна ќе биде спроведена дури следната година.

Ливерпул го победи Сити со 3:0 и има солидна предност пред реваншот на „Етихад“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2018 19:48