Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер остана смирен по убедливата победа со 4:1 над ЦСКА Москва во првиот четвртфинален дуел од Лига Европа, кој се одигра на „Емирати“ во Лондон. Според Французинот, резултатот не одговара на прикажаното на теренот, бидејќи гостите од Русија им отежнале многу „топџиите“. - ЦСКА е добар тим, многу брз во нападот. Повеќето тимови доаѓаат на „Емирати“ со идејата да играат одбранбено, додека ЦСКА напаѓаше многу. Тие имаат добри играчи, но не сакам да издвојувам лично никого. Ривалот ги казнуваше сите наши грешки, изјави тренерот на пресот по мечот. Тој потоа се осврна на играта на својот тим по наубедливата победа во Лига Европа оваа сезона. - Добро е што постигнавме многу голови. Прерано е да се зборува за следната фаза од Лигата на Европа. Мора да се мисли на реваншот. Радосен сум и за Арон Ремзи, кој станува подобар со секој изминат натпревар, прокоментира Венгер.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2018 14:20