Томас Тухел ќе го замени Унаи Емери на тренерскиот пост во ПСЖ по крајот на оваа сезона, соопштува ексклузивното „ЕСПН“. Според информациите, Тухел веќе има прелиминарен договор со шефовите на францускиот клуб. Одлуката е донесена во Катар, каде што претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи бил повикан од емирот Ал Тани минатата недела. По разгледувањето на мноштво кандидати за функцијата Ал-Тани запрел на германскиот специјалист заради неговата одлична тактичка експертиза. Другата сериозна предност на Тухел е фактот дека е слободен и за него нема да мора да се преговара со друг клуб. Не е случајно што тој зборува прилично пристоен француски. Неговата филозофија базирана врз владеењето на топката, исто му се допаднала на шеикот, кој е вистинскиот сопственик на ПСЖ. Тухел одговара на сите критериуми, кои биле поставени од страна на раководните фактори во клубот: големо име со успеси на европската сцена, менаџерски и раководни квалитети со кои ќе биде контролирана соблекувалната, полна со егоцентрични фудбалери. Всушност тој многу си личи со Емери како профил - брилијантен тактичар, но не е инспиративен мотиватор и психолог. Се очекува од Пари Сен Жермен да го прогласат официјално потпишувањето со Томас Тухел дури по крајот на оваа сезона. Германскиот специјалист ќе започне веднаш да ја подготвува својата работа за следната сезона, откако играчите ќе се вратат од обврските со националните тимови.