Фудбалерите на Панатинаикос одбија да го работат денешниот тренинг поради неподмирени финансиски обврски од менаџментот на клубот, објавија медиумите во Грција.

Играчите на „зелените“ му порачаа на претседателот на клубот Василис Константину дека нема да тренираат додека не ги добијат платите минимум до декември 2017 година, бидејќи играчите престанаа да примаат плати од октомври.

Панатинаикос неодамна изгуби три бода поради долгот од половина милион евра кон Германецот Јенс Вемер.

ПАО се наоѓа на 11. Место во грчкото првенство, а клубот е во големи финансиски проблеми, бидејќи сопственикот Јанис Алафузос одлучи да го прекине приливот на пари во фудбалски клуб.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 09:34