Пеп Гвардиола го прифатил предлогот на Манчестер Сити за нов договор и нивната соработка ќе продолжи до 2020 година, пренесе „Мирор“. Неговата плата ќе се зголеми на 20 милиони фунти (сегашната изнесува 15,3 милиони), што ќе го направи најплатен во светот меѓу тренерите.

Сегашниот договор на Шпанецот е до летото 2019 година, потпишан кога пристигна во 2016 година. Ако се потврди информацијата, тоа ќе значи дека Пеп го крши принципот на работа од само три години во клуб. По крајот на престојот во Баерн Минхен, Гвардиола изјави дека неговите циклуси се од три сезони.

Четириесет и седум-годишниот тренер разговарал за новиот договор со шеикот Мансур и претседателот Халдун Ал Мубарак за време на состанокот во Абу Даби пред еден месец, кога тимот беше таму на 4-дневен камп.

Вчера „граѓаните“ не успеаја да станат шампиони во Англија, но само прашање на време е кога тоа ќе се случи. Оваа сезона, тимот на Гвардиола веќе го освои Лига Купот и е во четвртфиналето во Лигата на Шампионите.

Инаку, во моментов најплатен меѓу тренерите е Марчело Липи, за кој се тврди дека зема 18 милиони фунти на чело на Кина.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2018 11:11